Дискриминацијата во Македонија

Во нашата држава од постоењето до денеска   во сите полиња од општествениот  живот свесно или не свесно,намерно или не , се прават определени не правилни ограничувана, понижувана и слично со кои што граѓаните не можат да си обезбедат свои одредени права кои ги требало да ги имаат .Од искуството и од секојдневните примери очигледно дека најчесто се прави класна,етничка,религиска дискриминација, на лица со хендикеп ,на лица со одредените сексуални определби и слично. Најразлична дискриминација која што во поголемиот дел од  по развиените земји  во поново време не претставуваат проблем,за разлика од нашето македонско општество каде што се за  жал се уште се табу тема .Напорите на нашата држава во минатиот период очигледно не биле доволни за спречување на различните дискриминација со што овој проблем е се уште присутен. Од како нашата земја од почна преговори за приклучување кон Европската унија за среќа оваа тема за најразличните дискриминации се отвори со што овој проблем се мрдна од една мртва точка.И ако приклучување кон европското семејство ние приоритет ,а услов за влез таму претставуваат решавање или укинување на овие дискриминации сето тој процес на решавање на некој проблеми како на пример на етничка и религиска дискриминација се горе долу надминати,додека проблемите околу лицата со хендикеп и околу сексуалниот идентитет се пречка кој сакал или не би морал да се реши за нас европски напредок.Исто така мора да се спомени и воедно да им се даде почит кога е оваа тема во прашање и на не владиниот сектор секторот кој прави напори за намалување и спречување на дискриминација ,со посебен акцент на класната дискриминација и лицата со хендикеп.Очигледно проблемот на нашата земја околу  дискриминација не е решен  и во законодавни рамки  рамки со што и пред неколку дена Македонија доби опомена околу законот за дискриминација кој не е по европските стандарди и потребно е негова измена со што во идниот период нашата влада треба да го измени законот за дискриминација.Дискриминација во Македонија како проблем е неминовно да биде решен во голема мера или  доколку  е  можно и целосно за да и нашата земја а пред сите нашите граѓани без никаков проблем и ограничување ги уживаат сите права во секој сегмент од животот.

Сите сме еднакви

Слика за жртвите на дискриминацијата

Сликата е изработена од :  domat33f .

Creative Commons License
Ова дело е лиценцирано под : Creative Commons Наведи извор 2.5 Macedonia License.

Hi, Stranger! Leave Your Comment...

Name (required)
Email (required)
Website