Дискриминација на жените е присутна и во 21 век

Дискриминацијата врз жените постои и се јавува во сите општества без разлика на нивниот развој. Видот и обемот на дискриминацијата зависи од самото општество но и од културата,традицијата,религијата и економската развиеност на општеството. Дискриминацијата врз жените се врши на најразличен начин (психичко,физичко,сексуално и економско) и во повеќе сфери:политичката,економската,културната и општествената. На жените долго време им било скратено правото на глас и вршење на јавни функции.                  Иако денес жените имаат право на глас и вршат јавни функции,сепак исклученоста на жените во политиката  и понатаму е видлива. Жените формално стекнале права, меѓутоа тие се уште се малку застапени во парламенти и во раководни политички позиции низ целиот свет. Светол пример се нордиските земји  пред се Норвешка  во кои родовата еднаквост е на мошне високо ниво.

Насилството врз жените е можеби најекстремниот  обем на дискриминација и тоа посебно семејното насилство. Статистиката открива и дава една поразувачка слика за положбата на жените во целиот свет, секоја трета жена барем еднаш во текот на својот живот била изложена на насилство. Ништо не е поразлична и порозова и ситуацијата во Р. Македонија,така  според истражувањето на Здружените за еманципација солидарност и еднаквост ЕСЕ  секоја втора жена е жртва на психичко насилство секоја 10 на сексуално насилство, а секоја 5 на физичко насилство,секоја четврта жена е жртва  на семејно насилство. Поврзаноста на насилството врз жените и нивната положба во општеството, претставува маѓепсан круг затоа и борбата против насилството врз жените е составен дел од борбата за рамноправност.

Примери за насилство врз жените се и силување на жените во мирнодопски и во воени услови, трговијата со луѓе од кои најголем дел се жени   се повеќе зема замав.

Генерално, Република Македонија се смета за земја крстосница за трговијата со луѓе, на Балканот но, последниве неколку години, трговијата со

луѓе стана водечка криминална активност во земјата.

Сликата која постоеше за Република Македонија како

транзит земја и земја – дестинација на меѓународната

трговија со жени, полека се менува. Денеска, Македонија

се смета за земја на потекло, транзит, и, во помала мера,

дестинација за жени и деца, тргувани со цел за сексуална

експлоатација.

На светско ниво постојат неколку декларации кои служат како инструмент за искоренување на насилството врз жените. Најзначајни се:

Универзална Декларација за човекови права (1948);Конвенција за елиминација на сите облици на Дискриминација на жените(1979);Декларација за престанување на насилството врз жените (1993);Пекиншката декларација и резолуција на жените за мирот и безбедноста;Советот за безбедност на обединетите нации бр1325 (2000).

Но, иако постојат безброј декларации и акти со кој се гарантира безбедноста и не дискриминацијата по било кој основ за жал сепак реалноста е сосема поинаква. Во пракса се уште не се почитуваат во целост сите права кои им припаѓаат на жените а кои спаѓаат во рамките на основните човекови права.

Дискриминацијата врз жените е проблем на целото општество, затоа сите треба да се залагаме за нејзина елиминација

Tags: ,

Hi, Stranger! Leave Your Comment...

Name (required)
Email (required)
Website