Партиска дискриминација- Пречка за развој на демократско општество


Абрахам Линколн: “Демократијата е власт на народот, од народот и за народот”.

Партиската дискриминација завзема се поголем замав во нашето општество, така што таа е навлезена во сите пори на општественото живеење и претставува пречка во развојот на ова демократско општество. Во нашето ,,демократско општество,, постои постојана селекција и дискриминација и тоа најмногу според партиска книшка. При што кај нас демократијата е ,, власт на народот,од народот и само за дел од народот,,.

Како што знаеме и можеме да забележиме политиката станува клучен фактор за секакво човеково дејствување во општеството вклучувајќи го тука и вработувањето било тоа да е во приватен или државен сектор при што се доаѓа до клучниот проблем а тоа е- спречувањето секој да ги покаже своите интелектуални способности така што има многу луѓе кои не се доволно компетентни за тоа што моментално го работат, но сепак важно е дека ја поседуваат партиската книшка на оние кои се на власт без разлика која политичка партија е тоа. Во демократските општества не би требало да постои никаква дискриминација ниту пак сегментација на луѓето на било каква основа а најмалку на политичка, но тоа за жал кај нас редовно се прави а најлошото од се е тоа што свеста на народот сеуште е на ниво на послушници па се поставува и прашањето: До кога ќе се случува ова??? И дали навистина имаме Развој на демократско општество???

Дискриминираност

Дискриминацијата е болка

Според истражувањето на МЦМС партиската дискриминација е најчест облик на дискриминација во земјава со 78 проценти застапеност, загрижувачки е тоа што само пред пет години таа изнесувала 60 %. Додека пак на Форумот на Идивиди на прашањето каква дискриминација постои дури 56,25 % одговориле дека постои партиска дискриминација овој процент е најголем во однос на сите други дискриминации (полова, етничка итн.)

Од сето ова може да заклучиме дека Македонија нема да го доживее својот развој на демократското општество се додека постои оваа застапеност  на политичка дискриминација затоа што се гуши креативноста на индивидуите кои се способни да внесат позитивни промени во ова општество, т.е се додека бараме вработување и ни нудат вработување под услов на поседување на партиска книшка нема да го добиеме посакуваниот развој на општесвото.

Сликата е од:    Dave77459

Сепак останува Вашиот личен избор кој како што стојат работите ќе морате да го направите а тоа е : Дали ќе поседувате Партиска Книшка или Не???

Creative Commons License
Ova дело е лиценцирано од Creative Commons Наведи извор 2.5 Macedonia License.

Hi, Stranger! Leave Your Comment...

Name (required)
Email (required)
Website